Форумот е централен настан во портфолиото на компанијата BeyondHR® кој има за цел да ја обедини бизнис заедницата, а најмногу HR професионалците кои директно или индеритектно управуваат со пазарот на трудот. Настанот треба да послужи како еден вид медиум кој треба да иницира сеопфатна и конструктивна дискусија за најакутелните теми кога станува збор за трудовиот сектор како и неговите директни импликации врз работењето на компаниите како и економијата во целост.
Дебатата која ќе ја овозможи Форумот треба да резултира со заклучоци и можни решенија за споменатите предизвици со кои се соочува корпоративниот сектор како и да произведе иницијативи за нивно надминување по пат на активна соработка помеѓу релеветните чинители.
Дополнителен бенефит за сите учесници на Форумот е секако и директниот пристап до најновите информации, идеи и методи во реботењето на оваа индустрија како и нетворкингот со видни претставници на корпоративниот и државниот сектор со кои ќе имаат можност да ги споделат своите искуства како и предизвици со кои се соочуваат.
Драфт теми за панелите на настанот:
Образованието како основа за градење на интелектуалниот капитал на компаниите.
• Формалното образование и вештините кои се добиваат: дали влијае, дали е соодветно, како да се подобри, што може да направат ХР од компниите?
• Неформално образование за стекнување вештини Одливот на мозоци – проблем кој може да се надмине со human centric HR методологии
• Зошто си заминуваат младите? Проблемот на заминување по неколку години работа?!
• Како може ХР да ги привлече младите да останат во компаниите
15th July | Hotel Marriott | Skopje