Kosta Sahov 13 - Centar + 389 76/ 233 - 783 loreta@beyondhr.com
intervju mk

Образованието е основа за градење на интелектуалниот капитал на компаниите

Heading Sub Title

Образованието е основа за градење на интелектуалниот капитал на компаниите .

BeyondHR® гордо го најавува првиот Beyond HR Forum 2021 кој на 26 јули се одржува во Хотел Мериот во Скопје. Еден од говорниците е и Наде Молеровиќ – професор, едукатор и мотивациски говорник – со кого го најавуваме првиот панел на форумот кој претставува централен настан за професионалците од областа на човечките ресурси. 

Образовниот систем треба постојано да се менува, прилагодува на новите потреби на младите за да умеат да се соочат со предизвиците на 21 век, векот на дигитална револуција која во време на светска пандемија ни ги забрза процесите на лични и професионални репрограмирања. Ја промени парадигмата и целта на образованието каде фокусот треба да се стави на мотивацијата, љубопитството и свесноста дека секое дете е потенцијал кој образовниот систем мора да го препознае, да го подржува и развива.

Голем број истражувања покажале дека ние денес во училиштата ги подготвуваме младите за професии кои до завршување на нивното образование нема веќе да постојат и ќе се креираат многу нови. Така неподготвени кога ќе треба да се вработуваат, градат кариери и личен живот ќе бидат соочени со лични разочарувања кои ќе предизвикаат психолошки последици со кои заедницата и општеството ќе ги трпат најголемите штети поради губење на квалитетна работна сила, човек и корисен граѓанин.

За жал, досега, поради застарени национални програми, содржини од наставни предмети, традиционалните пристапи и алатки во начинот на реализација на наставата предизвикуваат здодевност, незаинтересираност и немотивираност за постигнување на високи резултати. Младите најчесто и по завршено основно или средно образование не се на јасно во што тие како личности се најдобри и што им недостасува за да бидат уште подобри. Тоа е затоа што тоа никој или ретко кој од наставниот кадар е оспособен да ги оцени објективно и аргументирано издржано, образложено и укажано во која насока би требало една млада личност да се фокусира.

Токму поради ова, кога некој од овие млади по завршување на средно образование би сакал да се вработува во некоја институција, организација, администрација или приватен сектор, на луѓето во HR им престои интелектуален и професионален предизвик да откријат што тие млади луѓе сакаат, знаат и можат, како и работење на развивање на вештини, вредности, стекнување знаења и ставови кои се негуваат во организацијата.

За да се олесни овој процес потребно е соработка и партнерства со економски субјекти и образовниот систем за кога се учи да се знае зошто се учи, како и каде може да се имплементира тоа знаење во практичнот живот. Можноста тоа што ќе се научи да се имплементира е одличен индикатор како да се подобруваат перформансите на сите кои се вклучени во процесот на едукација и работа. Усогласени програми, заеднички цели и дефинирани вредности и вештини со што секој ученик поединечно се стекнал низ својот образовен процес.

Образованието треба да им овозможи на младите да стекнуваат функционални знаења кои се применливи и да им потикнат желба за целоживотно учење кое е лесно достапно и на социјалните медиуми каде неформалното образование нуди безброј можности, информации, насоки, методологии и техники, искуства, како да се подобрат вештините, како да се стекнат вредностите и како да се биде подобар и посреќен за себе но и за околината во која се работи и живее.

Зошто младите си одат од државава? Сите млади кои сакаат да учат, да напредуваат и да го дадат најдоброто од себе, а за тоа соодветно да бидат вреднувани, почитувани и финансиски наградени го бараат најпрво во сопствената татковина. Кога не можат да си исполнат сопствените соништа, излезот, среќата и успехот го бараат надвор. Како луѓето во HR може да ги задржат младите од заминување?

Секој вработен особено млад, надежен кадар очекува лично да биде запознаен со можностите, условите и начинот на работа и ангажман во организацијата. Тие би требало да знаат што се треба да се постигне за да се искачи една скала погоре во својот професионален и личен развој. Тие бараат правила, јасни вредности, праведност, еднаквост и чувство на лична вредност. Човечките ресурси треба да ги препознаат можните позитивни квалитети кои ќе ги валоризира и споделува, но исто така да открива недостатоци и слабости во процесите и истите да ги развива. Тие треба да работат на развојот на програми за развивање на емоционалните вештини кај младите за да се успее да се промени mindsetot кој е клучен за успех во секое поле. Кога младите ќе разберат дека каде и да одберат да се реализираат професионално најпрво им треба страст за работата која ја одбрале за да се успее, дека секогаш треба да бидат горди на организацијата во која одбрале да ја работат, дека е најважно да бидат на работни места 3 часа ама, ефективни и успешни, отколку да седат 8 часа гледајќи како часовникот чука долго и досадно.

Пандемијата нѝ покажа дека доколку сакаме можеме да учиме нови нешта било каде, но, не од било кого туку од најуспешните, најискусните и најстручните. Пандемијата нè научи дека ова време на дигитализација е новата четврта дигитална револуција во која на сите ни се потребни нови знаења, умеења, вештини и вредности за да можеме да го декодираме светот. Дека сè зависи од нас и дека знаењето треба да се споделува е најважната поука што ја извлековме од пандемискиот онлајн живот, работа, дружба, забава и учење.

Ако сме слепи и глуви при сите овие вртоглаво брзи промени ќе си останеме луѓе кои не успеале да се прешалтаат во новиот свет. Ќе одиме напред или ќе си останеме несвесни за нашата човечка димензија и улога во овој 21 век. А, тоа е да учиме сè што не знаеме, секој ден да се препознаваме колку сме подобри од вчера или ќе си останеме во мракот на незнаењето. На образовниот систем му се потребни реформи, не само национални документи, програми, содржини… нѝ треба реформа и редизајн на приоритетите, целите и потребите на младите. Да ги научиме да се сакаат себе сѝ најпрво, да си веруваат себе сѝ, да почитуваат, особено да се почитува секое туѓо мислење, да бидат најдобрите кои можат да бидат. А начини, алатки и техники има.

Автор на текстот е Наде Молеровиќ – професор, едукатор и мотивациски говорник кој верува дека секој човек индивидуа има неограничени можности за раст и развој на сопствениот потенцијал. Таа едуцира и воспитува млади како да бидат свесни за својата посебност, оригиналност и величественост, а повеќе за нејзините сознанија и ставови на тема формално и неформално образование и неговата улога во формирањето на интелектуалниот капител ќе дознаете на првиот Beyond HR Forum 2021 кој на 26 јули се одржува во Хотел Мериот во Скопје.