Kosta Sahov 13 - Centar + 389 76/ 233 - 783 loreta@beyondhr.com
intervju mk

За да бидеме во чекор со времето мораме да бидеме отворени кон континуирана едукација

Инервју

За да бидеме во чекор со времето мораме да бидеме отворени кон континуирана едукација.

Аријана Коскарова е основач на Креатив Хаб Македонија и како еден од релевантните претставници на образовниот сектор во Македонија ќе го модерира панелот посветен на образованието како основа за градење на интелектуалниот капитал на компаниите, во рамките на првиот Beyond HR Forum 2021 кој на 15 јули ќе се одржи во Хотел Мериот во Скопје.

На 15 јули македонската престолнина Скопје ќе биде домаќин на првиот Beyond HR Forum 2021 кој на едно место ќе ги собере најзвучните имиња од областа на бизнисот и човечките ресурси во Македонија. Денес, 24HR имаше можност да разговара со Аријана Коскарова, еден од модераторите на форумот, која ќе ни каже малку повеќе за темата образование и што сè не очекува на овој централен настан за човечки ресурси.

Дали клучот за градење на успешни компании во Македонија се крие во квалитетното образование на младите кадри?

Токму така! Без човечки ресурси компанијата е само регистрирана бројка. Луѓето ја прават компанијата. Дали ќе работите со индивидуи кои континуирано се едуцираат и вложуваат во личен раст и развој или пак со „незаинтересирани“ индивидуи таков и успех можете да очекувате од компанијата.

Како изгледа профилот на еден млад човек по завршување на своето формално образование? Што е тоа што му недостасува, а го прави готов кадар?

Исплашен! Мислам дека ова е најсоодветна дефиниција за сите оние што се на праг пред дипломирање. Не си сигурен во своите знаења бидејќи не си ги употребил на дело. Немаш работно искуство. Незнаеш што ќе се очекува и што ќе се бара од тебе. Од друга страна не постои такво нешто како готов кадар, светот секојдневно се менува. За да бидеме во чекор со времето мораме да бидеме отворени кон континурана едукација.

Каде каска Македонија во поглед на формалното образование?

На Македонија и недостасува практичен дел во неформалното образование. Како и малку повеќе вештини во корелација со она што се бара на работниот пазар, а помалку теоретско знаење. Но, тука постоиме ние за да го надополниме тоа.

Дали неформалното образование може да ги пополни празнините на формалното образование?

Секако дека да, поради брзата можност за адаптација на она што го бара пазарот на труд. Тука се и соработките со компаниите, можноста да се учи од професионалци на високи позиции токму од овие компании, реалните проекти, вмрежувањето итн. Нашите Академии во Креатив Хаб се светски Акредитирани што го прави кадарот дополнително компетитивен не само во земјата, туки и во странство.

Како HR професионалците и бизнисите можат да го поддржат тој процес?

HR одделот е оној кој треба да стимулира раст и развој на вработените. Тој е движечка сила во растот и развојот. Може да влијае како мотиватор, но и директно како спроведувач на процесите за секој вработен.

За што ќе зборувате на Beyond HR Forum 2021 кој на 15 јули се случува во Скопје?

На форумот ќе ја модерирам темата која најдобро ми лежи, а тоа е „Образованието како основа за градење на човечкиот капитал во компаниите“.

 

 „Извор: 24HR“